Денес се повеќе внимание се посветува на квалитетот на живот, свесноста за себе, грижата за психосоцијалното здравје. Во таквата констелација на односи се наметнува есенцијална потреба од психолошка помош и поддршка на пошироката популација. Особено е важно современите факултети за психологија да поседуваат добро опремени и кадровски одлично екипирани центри за применета психологија како би можел
е да создаваат професионално едуцирани психолози кои ќе бидат од практична полза на нашето општество и пошироко. Центарот за применета психологија при МИТ Факултетот за Психологија е современ центар наменет за непрекинат професионален развој на студентите при факултетот. Ова е прв центар при факултет за психологија од ваков вид и претставува уникатна професионална средина за развој и професионално едуцирање. Овој центар претставува составна единица на факултетот кој ги нуди сите најнеопходни просторни и професионални кадровски услови за развој на применетата психологија.
Дејноста на центарот се однесува на три области:
1) Едукативно-Професионална – која е наменета за студентите на додипломски и последипломски студии на МИТ факултетот за Психологија. Целта на оваа дејност е да ги едуцира нашите студенти во практичната применета психолошка работа. Во склоп на оваа дејност двата основни методи на работа се индивидуалниот и групниот.
2) Применета – која е наменета за надворешни корисници. Оваа дејност ќе се изведува по индивидуален и групен метод и
3) Истражувачка – која е наменета за едуцирање на студентите на додипломски и последипломски студии при МИТ факултетот за психологија во научно-истражувачката работа и развој на психолошката наука на нашиот факултет
Во склоп на центарот функционираат три модули:
1) Едукативен модул
2) Применет модул и
3) Научно-Истражувачки модул.
Во центарот за применета психологија при МИТ Факултетот за Психологија е ангажиран професионален тим од тројца високо едуцирани професионалци:
- Доц. Д-р Мирослав Пендароски, Психолог, Интегративен Психотерапевт, Раководител на центарот
- М-р Весна Блажевска, Психолог, Психодрама Психотерапевт, член на тимот
- М-р Марија Штерјовска, Психолог, Гешталт Психотерапевт, член на тимот
Постојниот тим при специфична потреба ќе се надополни со соодветен кадар надвор од институцијата со цел оптимално функционирање.
Центарот е отворен во деновите: понеделник (09-12 часот); вторник (09-12 часот) и четврток (12-15 часот) Просториите кои се современо опремени се наоѓаат во склоп на МИТ Факултетот за Психологија, објект Аеродром, Ул. Трета Македонска Бригада.